Амбасада на Република Северна Македонија во Австралија

Најнови вести

Амбасадорски состанок во МНР по повод првата годишнина од НАТО

По повод одбележувањето  на годишнината од зачленувањето  на Република Северна Македонија во НАТО, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги собра на тематски работен состанок шефовите на ДКП-та на Република Северна Македонија акредитирани во Земјите членки на ЕУ и постојаните претставништва во ЕУ и НАТО. „Пред само три дена се вратив од дводневниот Совет на северноатлантската алијанса во Брисел, каде за прв пат буквално физички седнавме на масата, рамо до рамо со најсилните земји во светот. Дозволете денес, токму на овој јубилеј, да ви пренесам дека достојно и на ниво на задачата ја претставуваме земјата во НАТО, со целосен технички и кадровски капацитет во нашата мисија, онака како што доликува на една земја – членка на Алијансата. Токму овој јубилеј беше една од причините зошто денес ги повикав Шефовите на Дипломатско конзуларните претставништва на нашата земја, акредитирани во земјите членки на ЕУ. Денес со нашите амбасадори не само што ќе ја одбележиме годишнината, туку и суштински ќе го анализираме досега сработеното; ќе направиме рекапитулар, или еден вид пресек на нашето членство во НАТО, и секако, ќе ги определиме и насоките за идното наше дипломатско делување како полноправна членка на Алијансата“, истакна Османи. Во однос на европските перспективи на земјата, Османи посочи: „Секако дека високо на Агендата на овој наш тематски состанок ќе биде и европското досие на земјава. Очекувам да добијам прецизни информации за политичките состојби и ставовите на земјите-членки на ЕУ во кои Амбасадорите се акредитирани. Околностите се такви што во следни два месеци ни се отвора прозорец на можности кој води до јунските самити на ЕУ. Тоа се неполни три месеци, период во кој очекуваме засилена дипломатска активност и од страна на европската администрација, но и од самите земји – членки на Унијата, а во насока на заокружување на нашето европско досие и почеток на преговорите“. Во попладневните часови на тематскиот работен состанок ќе се одржат и посебни сесии со Претседателот, Стево Пендаровски, Премиерот, Зоран Заев и Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

Во Седиштето на НАТО во Брисeл се одржа вториот ден од Северно-Атлантскиот Совет

Денес, во Седиштето на Алијансата во Брисeл, се одржа вториот ден од Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи на кој учествуваше  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Една од главните теми на овој министерски состанок беше натамошниот развој на иницијативата НАТО 2030 и како НАТО да продолжи да се адаптира на промените во однос на безбедноста и растечките закани. Министерот Османи за време на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО потенцираше дека Република Северна Македонија ги дели истите вредности со сојузниците и дека државата е спремна да придонесе за заштита на безбедноста и унапредување на соработката.” На состанокот трансатлантското партнерство беше високо на агендата при што земјите-членки се согласија дека трансатлантските врски остануваат камен темелник на нашата колективна одбрана и се од голема важност за политичката кохезија. Министрите одлучија на следниот Самит на НАТО да се отвори ново поглавје во трансатлантските односи и да се донесат нови насоки за иднината на Алијансата до и по 2030, како и понатамошното зајакнување на политичката димензија на НАТО вклучувајќи и одржување на консултации. За време на состанокот беа прифатени и препораките за ажурирање на Стратешкиот концепт на НАТО. На денешната трета сесија беше нагласена потребата за зајакнување на стратешката соработка меѓу НАТО и ЕУ. Слично на НАТО, и европската перспектива ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на нашиот регион. Не треба да дозволиме амбивалентноста да резултира со дивергенција кој би можела лесно да се искористи од надворешни актери. Затоа, придружувањето на Западен Балкан кон ЕУ е од значајна важност, истакна министерот Османи. Во однос на Авганистан, министрите ја нагласија целосната поддршка на напорите за засилување на мировниот процес, појаснувајќи дека само преку решение кое доаѓа како резултат на преговори може да се обезбеди одржлив мир и да се спречи Авганистан повторно да стане платформа за меѓународен тероризам. Министрите разменија мислења и за Блискиот исток, Северна Африка, НАТО Мисијата во Ирак, хибридните и сајбер предизвици, контрола на оружјето, разоружувањето и непролиферацијата како и борбата против тероризмот.   На маргините на денешниот состанок министерот Османи оствари билатерална средби со Министерот за надворешни работи на Португалија, Аугустос Сантос Силва воедно земја претседавач со Советот на ЕУ. Двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговараа и за европското досие на Република Северна Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство. Министерот Османи оствари средба и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто. На средбата соговорниците разменија мислења за блиското партнерството помеѓу НАТО и Финска, европската агенда на Република Северна Македонија и процесот на проширување со ЕУ како и можностите за продлабочување на севкупните односи преку унапредување на политичкиот дијалог. На Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, министрите за надворешни работи одобрија и нотираа неколку усогласени документи во врска со темите кои беа предмет на дискусија во рамки на НАТО.

Втор ден Совет на НАТО во Брисел - Османи: Посилна стратешка соработка меѓу НАТО и ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на почетокот на вториот ден од Северно - Атлантскиот Совет на НАТО со очекување за засиленото партнерство меѓу НАТО и на ЕУ и улогата на земјите од Западниот Балкан во овој сојуз. „Имавме продуктивни состаноци вчера. Денес ќе имаме дискусии со нашите партнери, вклучувајќи ја и ЕУ. Ја истакнам потребата од посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан, како регион со значајно стратешко значење за обете организации“, истакна Османи пред почетокот на втората сесија на Министерскиот состанок на НАТО. Османи исто така посочи дека слично на НАТО, перспективата за интеграција во ЕУ може да ги зајакне стабилноста и безбедноста на регионот. „Не треба да дозволиме каква било амбивалентност да резултира во дивергенција што, исто така, може да се користи од надворешни актери; придржувањето кон  ЕУ на Западен Балкан е од особено значење“, нагласи Османи. Денес на Агендата на Османи, покрај сесиите во рамките на Министерскиот совет се и посебни средби со Министрите за надворешни работи на Португалија, сегашниот претседавач со Европската Унија Аугусто Сантос Силва, како и со Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто.

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола