Bilateral Relations with Australia


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Комонвелтот Австралија се воспоставени на 20. декември 1995 година 


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори  предмет на ратификација

1. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за социјално осигурување“

  • склучен во Канбера на 26.10.2009 година
  • во сила од 01 април 2011 година

1.а. „Административна  Спогодба за примена на Договорот меѓу Република Македонија и Австралија за социјално осигурување“

  • склучена во Канбера на 11 февруари 2011 година

Договори кои се во сила а се преземени преку сукцесија 

1. „Спогодба меѓу Велика Британија и Кралството Србија за взаемно предавање на виновници“ 

  • потпишана на 12 јуни 1900 година 
  • во сила од 13 март 1901 година

2. „Конвенција меѓу Велика Британија и Кралството Југославија за правната постапка во граѓанска и стопанска материја“

  • потпишана на 27 февруари 1936 година 
  • во сила од 18 август 1937 година

3. „Договор меѓу СФРЈ и Австралија за размена на официјални публикации од 1953 година“ (размена на ноти)

  • потпишан на 19 ноември 1953 година 
  • во сила од 19 ноември 1953 година 

4. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Австралија за укинување на таксите при издавање на визи“ од 1969 година;

  • потпишана на 16 март 1969
  • во сила од  11 јули 1969 година

5. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Австралија за престој и вработување на југословенски државјани во Австралија“ од 1970 година

  • потпишана на 12 февруари 1970 година
  • во сила на 20 мај 1970  година 

6. „Трговска Спогодба  меѓу СФРЈ и Владата на Комонвелт Австралија“

  • потпишана на 21.07.1970 година 
  • ратификувана  на 11.11.1970 година 
  • објавен во Додаток на Службен лист на СФРЈ 30/1971
  • во сила од 10 мај 1971 година

7. „Спогодба за културна соработка меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Австралија“ 

  • потпишана на 14 септември 1976 година
  • во сила од 31 март 1977 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Департментот за инфраструктура и транспорт на Австралија “

  • потпишан во Скопје на 16  мај 2012 ГОДИНА

2. „Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузната полиција на Австралија за борба против транснационалниот криминал и развој на полициската соработка“ 

  • потпишан во Рим на 05 ноември 2012 година (очекуваме копија од МВР)

3. „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот“

  • потпишан во Скопје на 26 ноември 2018 година

 

Last updated: 07 September 2020